Јован Талевски се прости од екипата на Хомбург

Македонскиот интернационалец Јован Талевски го напушта тимот на ТВ 1878 Хомбург од Германија и ќе има нов предизвик во својата кариера.

Талевски две години настапуваше за германскиот тим, па така по истекот на договорот реши да бара нова средина. Тој освен за ТВ 1878 Хомбург, настапуваше и за екипите на Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, МРК Вардар, Слобода Тузла и Јозгат.

(фото – Рк ТВ 1878 Хомбург)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.