Тинекс Пролет го задржа во своите редови голманот Данило Михаљевиќ

Тинекс Пролет го задржува во своите редови Данило Михаљевиќ, откако квалитетниот голман се договори за продолжување на соработката со клубот.

Михаљевиќ дојде во Тинекс Пролет минатото лето и целосно ги исполни очекувањата на управата и на стручниот штаб, со своите настапи давајќи значаен придонес за одличните резултати во првиот дел од натпреварувањето.

Оттаму и желбата на двете страни за оваа успешна соработка да продолжи, што резултираше со потпис на новиот договор.

„Презадоволни сме од сето она што Данило го покажа на голот на Тинекс Пролет од моментот на неговото доаѓање па се до ден денеска. Тој е вистински професионалец, играч што е тука за тимот и за соиграчите и презадоволни сме што останува во Пролет уште најмалку една година“, – изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести