Ракометарите на Аеродром триумфираа против Македонија Ѓорче Петров со 39-23 во натпревар од 10. коло од плеј-офот во Првата лига, и прославија влез во Супер лигата наредната сезона.
Аеродром од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така без проблеми стигна до победа против Македонија Ѓорче Петров.
Најефикасен во составот на Аеродром беше Алексеј Василев со седум гола, додека кај екипата на Македонија Ѓорче Петров најефикасен беше Лука Трифуновски со осум гола.
(фото – Рк Аеродром)📷