Македонија загуби од Романија и заврши на 16. место во ракомет на плажа

Женската сениорска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Романија со 2-1 во сетови, во разигрувањето за пласман и заврши на 16. место на Европското првенство во 2023 година во ракомет на плажа.

Македонија го доби првиот сет со 16-14, додека вториот сет Романија го освои со 12-11.

Во пенал завршницата романките беа подобри од нашите репрезентативки, и славеа со конечни 8-3.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.