Познат идеалниот тим на Ф4 турнирот во кадетска женска лига

Екипата на Стружанка го освои Ф4 турнирот во кадетска женска лига, откако во финалето ја совлада екипата на Ѓорче Петров со 28-24.

Познат е идеалниот тим на Ф4 турнирот, а доделени се и индивидуални признанија и награди за најдобрите на турнирот.

МВП на турнирот е средниот бек од Стружанка, Елена Балоска, додека најдобар стрелец на турнирот е Јана Петровска од Делчево, а најдобар голман исто така е од Стружанка, а тоа е Ива Дафинческа.

Ол Стар тим на Ф4 турнирот во кадетска женска лига:

Ива Дафинческа (ЖРК Стружанка) – голман

Ива Миноска (ЖРК Стружанка) – лево крило

Стефани Ристиќ (ЖРК Скопје) – лев бек

Јана Петровска (ЖРК Делчево) – среден бек

Маја Раткушиноска (ЖРК Стружанка) – десен бек

Ева Божиновска (ЖРК Ѓорче Петров) – десно крило

Симона Блажевска (ЖРК Ѓорче Петров) – пикер

(фото – ЖРК Делчево)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести