И оваа година беше организиран турнирот “5-ка за ракомет” од ракометната школа Седмерец од Охрид.
На овој турнир учествуваа домаќинот Седмерец од Охрид, Јоаким Крчовски од Скопје, Преспа од Ресен и Тихо Спорт од Скопје.
Првото место го освои екипата на Седмерец, второто место го освои Јоаким Крчовски, третото место го освои Преспа и четвртото место го освои екипата на Тихо Спорт.
Најдобар голман е избран Јован Печој (21 одбрана) Рк Преспа -Ресен
Најдобар стрелец е избран Никола Баталоски (15 голови) РШ Седмерец – Охрид
Најдобар играч е избран Христијан Софкоски – РШ Седмерец – Охрид
Спонзори на овој турнир беа Жито леб и Екстра Скопско од Охрид, со помош на Општина Охрид и домашната екипа Седмерец.
(фото – Ракометна Школа Седмерец – Охрид)📷