Охрид им се заблагодари на пет ракометари, а најави и тренерски промени во првиот тим и младите категории

Екипата на Охрид на социјалните мрежи објави дека се раздели со пет ракометари, а најави и дека ќе има тренерски промени во првиот тим и младите категории.

Тимот на Охрид им се заблагодари на: Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов.

Исто така во тренерските позиции на клубот во сите категории ќе следуваат одредени измени и ротации.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести