Екипата на Мулти Есенс забележа висока победа против тимот на Драчево со резултат 40-25 во натпревар од 10. коло во плеј-офот од Супер лигата.
Тимот на Мулти Есенс од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, па така лесно стигна до победа против Драчево.
Најефикасен во тимот на Мулти Есенс беше Димитар Узунчев со осум гола, додека кај екипата на Драчево најефикасен беше Димитар Петковски со седум гола.
(фото – Рк Мулти Есенс)📷