Екипата на Прилеп, која избори опстанок во Супер лигата продолжува да го крои ростерот за следната сезона.
Тимот на Прилеп го продолжи договорот со голманот Иван Ангелески, кој останува уште две години.
“Изминатата сезона беше една од најуспешните сезони во неговата кариера и очекуваме уште подобри резултати во иднина”, – изјавија од Рк Прилеп.