По одиграниот бараж помеѓу Вардар Неготино и Драчево, познати се сите екипи што ќе играат следната сезона во Супер лигата.
Во Супер лигата ќе играат 16 екипи, а опстанок избори екипата на Вардар Неготино, додека нови екипи се Мулти Есенс и Аеродром. Од Супер лигата испаднаа екипите на Радовиш и Јуниор Кисела Вода, кои се селат во Првата лига.
Еурофарм Пелистер, Еурофарм Пелистер 2, Вардар 1961, Алкалоид, Мулти Есенс, Аеродром, Прилеп, Скопје 2020, Голден Арт, Бутел Скопје, Вардар Неготино, Куманово, Тинекс Пролет, Струга, Тиквеш 2014 и Охрид.
(фото – Рк Вардар 1961)📷