Цвикау на Симона Маџовска и следната сезона во Бундес лигата

Екипата на Цвикау, каде настапува македонската ракометарка Симона Маџовска, обезбеди опстанок во Бундес лигата.

Цвикау забележа две победи во бараж натпреварите со екипата на Гепинген. Првиот натпревар Цвикау го доби со 26-23, додека вториот исто така заврши со победа на тимот на Маџовска со конечни 30-27.

(фото – ЖРК Цвикау)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.