Минатата среда, на пригоден настан, ракометниот клуб Голден Арт, се заблагодари на четворица ракометари кои во иднина нема да бидат дел од клубот, а денес ги продолжи договорите со уште толку ракометари.
Десното крило Мице Шилегов, левото крило Есад Дрпљанин и двајцата ракометари на бековските позиции, лев и среден бек, Христијан Милошески и Марио Миланов, најмалку уште една сезона ќе го носат дресот на Голден Арт.
Шилегов минатата година дојде од Охрид и беше еден од најдобрите стрелци во клубот, Милошески одигра солидно во два правци, презентирајќи се во високо потентен лев бек шутер, Есад Дрпњанин и покрај сериозната повреда на рамото, како млад ракометар покажа дека може да биде одлично решение во иднина и Марио Миланов, после промената на главниот тренер на клубот заблеска и се промовираше себеси во лидер на тимот во нападот.

(фото – Рк Голден Арт)📷