Познат датумот и екипите за вториот меморијален турнир “Марко Божиновски”

По успешното прво издание кое се одржа минатата година и оваа година ќе се одржи меморијалниот турнир “Марко Божиновски”, кој е организиран од Фондацијата Марко Божиновски.

Турнирот ќе се одржи од 15 до 17 јуни во спортскиот центар „Марко Божиновски”. На турнирот ќе има шест екипи, домашни и странски екипи во кадетска машка конкуренција.

Тоа се екипите на Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Тиквеш, Алкалоид, Голден Арт и Коњух Живинице.

(фото – Фондација Марко Божиновски)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.