Продолжуваме со серијата на интервјуа, овој пат направивме интервју со ракометарката на ЖРК Ѓорче Петров, Јана Петровска, која настапува во младинската и кадетската екипа.
1. На колку години започна да тренираше ракомет?
- Jас започнав да тренирам ракомет на мои 7 години во ракометната школа на Ѓорче Петров.
2. Тренираш во младинските категории на Ѓорче Петров, дали си задоволна од условите на клубот?
- Да јас сум ракометарка на клубот Ѓорче Петров и настапувам за кадетската и младинската категорија во клубот, задоволна сум од досегашните услови.
3. Дали во иднина се гледаш во првиот тим на Ѓорче Петров?
- Верувам дека со мојот секојдневен труд и работа и секако со поддршката од моите блиски ќе успеам да се изборам да настапувам за првиот тим на Ѓорче Петров, но секако дека имам поголеми амбиции.
4. Ако би имала повик за репрезентација дали би го прифатила?
- Сметам дека со моите досегашни изданија и одиграни утакмици заслужувам да ги носам и бранам боите на црвено-жолтиот дрес, секако дека би прифатила ако добијам повик од селекторот.
5. За крај на интерјвуто што ќе изјавиш?
- За крај сакам да се заблагодарам на Мк Ракомет и на сите читатели за обрнатото внимание.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷