Екипата на Македонија Ѓорче Петров, каде оваа сезона се натпреваруваше во плеј-офот од Првата лига, започна да го крои составот за наредната сезона.
Во фокусот за наредната сезона ќе бидат младите играчи од младинските категории на Македонија Ѓорче Петров.
Составот на Македонија Ѓорче Петров потпиша професионални договори со 12 ракометари од младинските категории, каде сите се на возраст од 18 до 20 години.
Станува збор за ракометарите Максимилијан Ѓиноски, Матеј Марковски, Виктор Ангелевски, Стефан Нацев, Лука Трифуновски, Марко Стојаноски, Горазд Нелоски, Јасмин Диздаревиќ, Даниел Атанасов, Борјан Нелоски, Кристијан Ѓероски и Дамјан Миленковски.
Од екипата на Македонија Ѓорче Петров соопштија дека се преговара со уште пет ракометари, за да го засилат тимот за наредната сезона.

(фото – Рк Македонија Ѓорче Петров)📷