Тинекс Пролет го комплетираше и вториот трансфер во овој преоден рок, откако успешно ги финишираше преговорите со Антонио Николовски.
Станува збор за 24-годишен ракометар кој настапува на пивотменската позиција, а го краси и цврстина во одбраната, со што сигурно ќе биде значаен адут на тренерот Лембанов во новата натпреварувачка сезона.
Николовски има настапувано за Вардар Јуниор, а ланската сезона ја почна во дресот на Еурофарм Пелистер 2, по што се пресели во таборот на Јуниор Кисела Вода.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷