Екипата на Вардар 1961, пополека почнува да го креира составот на тимот за следната сезона, каде се очекува освен во македонското првенство, тимот да настапи и во квалификациите за Лигата на Европа.
Тимот на Вардар 1961 ќе се засили со Jапонецот Косуке Јасухира, кој доаѓа на позајмица од екипата на Висла Плоцк до крајот на сезоната. Оваа вест беше потврдена на социјалните мрежи на Висла Плоцк.
“Следната сезона ќе ја минам на позајмица од Висла Плоцк во Вардар од Скопје. Сигурен сум дека таму ќе стекнам големо искуство и ќе се вратам силен. Се гледаме фанови”, – изјави Косуке Јасухира.
(фото – Рк Висла Плоцк)📷