Екипата на Дубочица од Лесковац, продолжува со засилувањата за новата сезона, откако во своите редови донесе нов ракометар.
Станува збор за десниот бек Алекса Милошевиќ, кој доаѓа од екипата на Динамо Панчево.
Милошевиќ има настапувано и за Црвена Звезда, а исто така кариера градеше и во Романија. Тој е бивш јуниорски репрезентативец на Србија.

(фото – Рк Дубочица)📷