Женската младинска репрезентација на Македонија загуби од селекцијата на Чешка со резултат 29-24 во натпревар од 3. коло од Европското првенство за младинки.
Иако селекцијата на Македонија на полувреме имаше предност од 13-12, сепак Чешка со подобра игра успеа да слави против нашата репрезентација. Најефикасна во селекцијата на Македонија беше Сара Стефаноска со шест гола.
(фото – РФМ)📷