Прилепчанецот и физиотерапевт Џоко Божиноски после низа години се враќа во матичниот Прилеп

Долгогодишниот физиотерапевт на македонската машка репрезентација е новиот член на тимот на Прилеп.

Прилепчанецот Џоко Божиноски после низа години, повторно се враќа во домашниот клуб, со ангажман за комодитет на тимот на Прилеп, односно грижа за нивното здравје и превенирање на повреди за време на тренинзите и натпреварите.

Како дел од машката сениорска ракометна репрезентација, Божиноски беше составен дел од тимот на голем број натпревари, и тоа: ЕП (Европско Првенство) во Полска 2016 година, СП (Светско првенство) во Франција 2017 година, ЕП во Хрватска 2018 година, СП во Германија 2019 година и многу други.

(фото – Рк Прилеп)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести