Екипата на Вардар 1961, во новата сезона ќе влезе со ново раководство и нови ракометари, откако претседателот Михајло Михајловски се повлекува од клубот.
Претседателот Михајло Михајловски ќе нема веќе никаква функција од извршен карактер во клубот, туку само како советодавец.
„Сега најдов луѓе околу себе и убеден сум Вардар ќе застане на вистински нозе. Јас нема да имам извршна функција, туку само советодавна функција, ако им требам на овие луѓе околу мене. Борко Ристовски ќе биде нов Извршен директор, Емил Угриновски – претседател на неизвршни директори, еден меѓу нив ќе биде и претставник и на Адмирал. Преговораме со неколку луѓе кои сакаат во овие тешки моменти да му помогнат на Вардар. Би им се заблагодарил на Комеријална Банка, НЛБ, Сава Осигурување, Адмирал, Ватростална, кои постојано овие години помагаа, заедно со другите спонзори”, – изјави Михајло Михајловски.

(фото – Рк Вардар 1961)📷