Дејан Пецаковски и во новата сезона ќе биде дел од Тинекс Пролет

Тинекс Пролет задржа уште еден значаен ракометар во своите редови, откако денеска беше потпишан нов договор со Дејан Пецаковски.

Долгогодишниот репрезентативец на Македонија му се приклучи на Тинекс Пролет во јуни 2020 година и оттогаш е значаен првотимец во тимот, наметнувајќи се како командант на одбраната во последните неколку сезони.

Искуството, цврстината и квалитетот беа доволна препорака дека овој 37-годишен ракометар се уште може да игра на високо ниво, по што беше најден заеднички јазик за продолжување на меѓусебната соработка.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.