Кристијан Василевски го продолжи договорот со тимот на Бутел Скопје

Бутел Скопје го комплетира ростерот со кој ќе се натпреварува во претстојната суперлигашка сезона. Еден од столбовите на одбраната, Кристијан Василевски, ја продолжи соработката со клубот.

Откако Василевски го продолжи договорот, Бутел го задржа триото пивоти од минатата сезона, бидејќи нови соработки потпишаа и Дејан Михајловиќ и Владимир Јевтиќ.

(фото – Рк Бутел Скопје)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.