Младинскиот репрезентативец на Португалија, Нилтон Мело (19) го засили Вардар 1961, откако потпиша двегодишен договор со „црвено-црните“.
Игра на позиција лев бек и треба да биде поддршка за Стефан Петриќ и Марко Мишевски кои играат на истата позиција во тимот. Претходно Вардар 1961 потпиша и со Кубанецот Хансер Микел Родригез кој може да игра на три позиции (лево крило, лев бек и среден бек)
Младиот Нилтон потекнува од Спортинг Лисабон, но во борба за минутажа често настапувал како позајмен ракометар. Има само 19 години, а изминатава сезона играше во португалското првенство за Викторија, каде има настапено на 24 натпревари.

(фото – Рк Вардар 1961)📷