Екипата на Аеродром натпреварите од Супер лигата ќе ги игра во салата “Јане Сандански”

Екипата на Аеродром, која во новата сезона за прв пат ќе игра во Супер лигата, натпреварите ќе ги игра во салата “Јане Сандански” во Општина Аеродром.

Сите младински категории на Аеродром ќе ги играат натпреварите во салата “Јане Сандански”. Аеродром претходно натпреварите ги играше во салата “Автокоманда”.

Тимот подготовките за новата сезона ќе ги стартува на 4 август, каде ќе бидат промовирани и новите засилувања за Супер лигата.

(извор – 24Ракомет)

(фото – Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.