Вардар 1961 го потпиша Косуке Јасукира од Јапонија

По една седмица тренирање со екипата Јапонецот Косуке Јасухира (23) го потпиша едногодишниот договор со „црвено-црните“. Завршени се сите технички и административни формалности, и средниот бек Јасухира следната сезона ќе игра во дресот на Вардар 1961.

Јасухира доаѓа како позајмен играч до Висла Плоцк, а клубот има приоритет доколку сака да го откупи неговиот договор. Тој е првиот Јапонец што ќе биде дел од Вардар 1961.

Доаѓа од полска Висла Плоцк каде лани настапуваше и беше пријавен и за лигата на шампионите. Не доби голема минутажа поради големиот број на играчи што настапуваа на таа позиција. Претходно играше и за француски Ник, и во имаше натпревари и од Лига Европа.

Потекнува од јапонскиот Нипон Универзитет, игра на среден бек, поседува брзина и експлозивност. Веќе цела седмица тренира со Вардар 1961, прво во Скопје, а сега и во Маврово и веќе се вклопува во екипата.

(фото – Рк Вардар 1961)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести