Екипата на Тиквеш, која оваа година освен во Супер лигата ќе игра и во Европскиот Куп, ги започна подготовките за новата сезона.
Клубот ја претстави новата програма и им посака на сите успешна сезона и одлични резултати.
“Голема благодарност за нашиот домаќин на овој наш нов европски почеток, компанијата Кожувчанка ДОО која во својата фабрика за производство на Наше Македонско пиво и својата пивница во склоп на фабриката ни приреди извонреден нов почеток кон нови успеси”, – објавија на страницата на ГРК Тиквеш 2014.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷