Екипата на Чаир, која има високи амбиции за новата сезона означи старт на подготовките за сезона 2023/2024.
На првиот тренинг присуствуваа сите ракометарки кои останаа од минатогодишниот состав, како и новите играчи.
Нови ракометарки во тимот на Чаир се: Клеа Ајвази, Севда Озкан, Марија Галевска, Ивана Џатевска, Бојана Диневска и Теодора Дукоска.
Според претходно изготвен план и програма, екипата првата фаза од подготовки ќе ги реализира во Скопје, со комбинирани тренинзи во сала, фитнес сала и на отворено. Тимот Чаир ќе остани до 10 август во Скопје, а потоа ќе настапи на турнир во Чешка.

(фото – ЖРК Чаир)📷