Женската кадетска репрезентација на Македонија загуби од Романија со високи 40-27 во 1. коло од Европското првенство за кадетки.
Селекцијата на Романија од почетокот на натпреварот беше во водство, па така до крајот на натпреварот немаше проблеми околу победата против Македонија.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Младеновска со 16 гола и Трпеска со 7 гола, додека кај селекцијата на Романија најефикасни беа Рогоз, Дамина и Тулеа со по 6 гола.
(фото – РФМ)📷