Екипата на Тинекс Пролет со вчерашниот тренинг го означи стартот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, во која тимот влегува со исти амбиции, најпрвин влез во плеј-офот, а потоа и борба за место кое води во ракометна Европа.
На првата прозивка на тренерот Лембанов присуствуваа сите ракометари, вклучувајќи ги и новите засилувања на тимот, Стефан Кочаров, Филип Арсеновски и Антонио Николовски.
Предвидено е тимот да тренира по два пати дневно, потврдено е учеството на Тинекс Пролет на турнирот во Прилеп, а наскоро ќе бидат договорени и преостанатите пријателски натпревари во овој подготвителен период.

(фото – Рк Тинекс Пролет)📷