Машката кадетска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Црна Гора со резултат 29-20 во натпревар од групната фаза на Светското првенство.
Македонија од почетокот на натпреварот беше во водство, исто и на пауза замина со предност од 12-10. Во второто полувреме Македонија имаше добра игра, па на крај да слави против Црна Гора.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Ненад Белистојаноски, Томислав Димковски, Марио Стојановски, Славчо Шулески и Самоил Ристевски со по три погодоци. МВП на натпреварот беше голманот Давид Брестовац.
(фото – РФМ)📷