Алем Хаџиќ од Босна и Херцеговина потпиша четиригодишен договор со Еурофарм Пелистер 2

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 од денес е побогат за уште еден голем балкански талент. 16-годишниот босански интернационалец Алем Хаџиќ е нов во битолското ракометно семејство.

Овој ракометар, кој може да игра на позиициите лев и среден бек, доаѓа во Битола од клубот Коњух, каде веќе се наметна и играше важна улога и во сениорскиот тим. Хаџиќ потпиша четиригодишен договор со тимот на Еурофарм Пелистер 2.

Со Коњух, Хаџиќ беше трикратен шампион во првенството за кадетите, а двапати беше МВП на завршните турнири и најдобар стрелец. Ова младо момче веќе пристигна во Битола и по потписот на договорот ќе му се приклучи на новите соиграчи и стручниот штаб, на чело со тренерот Михаил Петровски.

Алем по многу параметри е рекордер во босанскиот ракомет, а во Супер лигата на Босна и Херцеговина дебитираше на само 14 години. Официјалното претставување на Хаџиќ е предвидено на крајот од месец август. 

(фото – Рк Еурофарм Пелистер 2)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.