Машката кадетска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Унгарија со резултат 22-20 и ќе разигрува за пласман за 9. место.
Иако од почетокот на натпреварот селекцијата на Унгарија беше тежок противник, сепак Македонија успеа да ја надигра и да забележи победа.
Најефикасни во селекцијата на Македонија беа Мирче Калајџиески и Александар Петковски со по пет погодоци. МВП на натпреварот беше голманот на Македонија, Иван Галевски.

(фото – РФМ)📷