Кадетите на Македонија ја совладаа Чешка и се 9. на СП за кадети

Машката кадетска репрезентација на Македонија ја совлада селекцијата на Чешка со конечен резултат 28-22.

Со оваа победа селекцијата на Македонија го освои 9. место на Светското првенство за кадети.

Најефикасен во репрезентацијата на Македонија беше Мирче Калајџиески со 12 гола, додека Давид Димевски имаше 8 погодоци.

(фото – РФМ)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.