Екипата на Куманово, која ги започна подготовките за новата сезона ги промовира новите засилувања.
Станува збор за Адела Еленин, која доаѓа од Деспина и настапува на позицијата лево крило, второ засилување е Нена Нестороска, која доаѓа од редовите на Металург и настапува на позицијата среден бек.
И третото засилување за екипата на Куманово е ракометарката Јана Ѓошевска, која доаѓа од редовите на Спартак и настапува на позицијата лево крило.

(фото – ЖРК Куманово)📷