Екипата на Еурофарм Пелистер, која учествуваше на турнирот во Добој и го освои шестото место, откако загуби од ППД Загреб со 26-24, имаше свој ракометар во идеалниот тим.
Станува збор за македонскиот репрезентативец, Ненад Костески, кој се најде во идеалниот тим на 54-тото издание на ТВ турнирот на шампионите во Добој. Тој беше прогласен за најдобро десно крило на турнирот.

(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷