Управниот Одбор на Ракометната федерација на Македонија донесе одлука да им додели премија на кадетите во вредност од 1.000.000 денари.
“Управниот Одбор на РФМ одреди парична награда во вкупна вредност од 1.000.000,00 денари за машката кадетска ракометна репрезентација (стручен штаб и ракометари родени 2004 и помлади),за освојување на 9-тото место на 2023 IHF Men’s Youth World Championship MU19 во Хрватска”, – изјавија од РФМ.
(фото – РФМ)📷