За првиот натпревар од квалификациите за ЕХФ Лига Европа што Вардар ќе го игра против германски Рајн Некар Левен, во продажба се пуштени билетите за истиот натпревар.
Натпреварот меѓу Вардар 1961 и Рајн Некар Левен е закажан за 26 август 2023 со почеток во 19 часот во СЦ „Јане Сандански”.
Продажбата на билетите ќе се врши: онлајн на https://mktickets.mk/event/var_rnl/ и преку продажната мрежа на Мктикетс. Повеќе детали на – https://abit.ly/bileti_vardar_rajnnekar.

(фото – Рк Вардар 1961)📷