Бобан Ристевски: Задоволство ми е да играм на овој меморијален турнир

Екипата на Охрид натпреварите на меморијалниот меѓународен турнир „Крсте Андоновски“ што се игра во салата „Билјанини извори“ во Охрид, ги започнува денеска. Противник на „гладијаторите“ е екипата на Олимпијакос, а мечот се игра од 18 часот.

Дваесет минути порано е свеченото отворање на турнирот. Голманот на Охрид, Бобан Ристевски е оптимист дека и турнирот и настапот на домаќинот ќе бидат успешни.

“Задоволство ми е да играм на овој меморијален меѓународен турнир кој се одржува втора година по ред во чест на Охридската легенда “Крсте Андоновски”. Многу брзо прерасна во натпреварување на кое многу екипи сакаат да ги тестираат своите квалитети и верувам дека ќе продолжи да се одржува и ќе стане традиционален турнир. Ние како домаќини ќе дадеме максимум да докажеме дека сме сериозна и добро организирана екипа, да избориме што подобар пласман и, секако, една добра подготовка за тоа што не чека во домашното првенство и остварувањето на нашите цели”, – изјави Бобан Ристевски од ГРК Охрид.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести