Се одиграа неколку натпревари од 1. коло на турнирот во Охрид, каде победи забележаа екипите на Бешикташ, Еурофарм Пелистер и Олимпијакос, додека имаше реми помеѓу Татран Прешов и Металопластика.
Екипата на Бешикташ забележа победа против Голден Арт со 29-23. Тимот на Еурофарм Пелистер лесно се справи со Бутел Скопје, откако триумфираше со конечни 32-21.
Во третиот натпревар од турнирот, екипата на Олимпијакос забележа триумф против домаќинот Охрид со резултат 34-31. Реми одиграа екипите на Татран Прешов и Металопластика со 24-24.
(фото – Денис Дуковски/24Ракомет)📷