Вчера во Охрид, во СРЦ “Билјанини Извори”, свечено беше отворен турнирот “Крсте Андоновски – Усташ”.
На овој турнир учествуваат осум екипи, четири од Македонија и четири од странство, а тоа се екипите на Рк Голден Арт, Рк Еурофарм Пелистер, Рк Бутел Скопје, ГРК Охрид, Рк Бешикташ, Рк Олимпијакос, Рк Татран Прешов и Рк Металопластика.
На отворањето на турнирот градоначалникот Кирил Пецаков, им додели плакети на внуците Крсте Андоновски и Даниел Андоновски.
(фото – ГРК Охрид)📷