Турнир Охрид: Победи за Олимпијакос, Металопластика, Охрид и Татран Прешов

Се комплетираше 3. коло од турнирот “Крсте Андоновски – Усташ”, кој се одржува во Охрид, а победи забележаа тимовите на Олимпијакос, Металопластика, Охрид и Татран Прешов.

Тимот на Олимпијакос триумфираше против Голден Арт со 28-26. Екипата на Металопластика забележа минимална победа против Еурофарм Пелистер со резултат 27-26.

Составот на Охрид оствари победа против Бешикташ од 35-32. Татран Прешов беше убедлив против тимот на Бутел Скопје со високи 32-25.

(фото – ГРК Охрид)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.