Се комплетираше 3. коло од турнирот “Ѓорче Петров Куп 2023”, каде победи остварија Железничар Инџија, Црвена Звезда, Ѓорче Петров и Бекамент.
Железничар Инџија триумфираше против Вардар со високи 35-19, додека екипата на Црвена Звезда беше подобра од екипата на Бор со 32-30.
Ѓорче Петров беше сигурен против составот на Панорама со убедливи 38-25, исто така победа забележа и Бекамент против ПАОК со 27-25.
(фото – ЖРК Ѓорче Петров)📷