Екипата на Охрид беше подобра против Струга со резултат 25-17, во натпревар од 1. коло од групната фаза во Супер лигата.
Тимот на Охрид од почетокот на натпреварот имаше контрола на резултатот, на пауза замина со предност од 11-7. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Охрид, па на крај да триумфира против Струга.
Најефикасни во тимот на Охрид беа Цирар, Ојлески и Шешиќ со по седум гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Бошњак со шест гола.
(фото – ГРК Охрид)📷