Металург Автокоманда со победа против Спартак ја започна сезоната во Женската Супер лига

Екипата на Металург Автокоманда, која е нова во Женската Супер лига сезоната ја започна со победа против Спартак од 31-23.

Тимот на Металург Автокоманда и на полувреме имаше висока предност од 18-9. Второто полувреме беше само формалност Металург Автокоманда да ја завери победата против Спартак.

Најефикасна во редовите на Металург Автокоманда беше Марија Гугуљанова со седум голови, додека кај екипата на Спартак најефикасна беше Ангела Гроздановска со шест голови.

(фото – ЖРК Металург Автокоманда)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.