Ракометарките на Стружанка забележаа лесна победа против ракометарките на Деспина со резултат 25-16.
Тимот на Стружанка од почетокот на натпреварот направи водство, па на пауза замина со предност од 10-6. Во второто полувреме Стружанка немаше проблеми околу победата против Деспина.
Најефикасна во редовите на Стружанка беше Мендувие Далипоска со осум гола, додека кај екипата на Деспина најефикасна беше Ангела Камческа со четири гола.
(фото – ЖРК Стружанка)📷