Екипата на Еурофарм Пелистер ја очекува натпревар во Лигата на шампионите против тимот на Алборг од Данска.
За овој натпревар, своја изјава имаше и ракометарот на Еурофарм Пелистер, Андреас Јохан Нилсен.
“Добро го познавам тимот на Алборг, играв со многу ракометари во нивната екипа, а со некои често бев и противник. Сите знаеме колку се силни и тоа го покажаа на натпреварот против Киелце. Загубија во Суперкупот на Данска од ГОГ Гудме, но тоа и не е толку важно натпреварување во Данска. Многу поважно е како реагираа потоа и наредија само победи во данското првенство и Лигата на шампионите”, – изјави Андреас Јохан Нилсен.
(фото – Рк Еурофарм Пелистер)📷