Екипата на Радовиш, која во новата сезона ќе игра во Првата лига ја забележа првата победа, откако го совлада тимот на Овче Поле со високи 41-26.
Иако Радовиш на полувреме имаше мала предност од 18-16, сепак во второто полувреме направи висока предност.
Најефикасен во составот на Радовиш беше Здравко Постолов со 11 погодоци, додека кај екипата на Овче Поле најефикасни беа Димитар Минов и Борјан Цековски со по 6 погодоци.
(фото – Рк Радовиш)📷