Аеродром го доби дуелот со Скопје 2020

Екипата на Аеродром ја забележа втората победа во Супер лигата, откако на гостински терен славеше против Скопје 2020 со резултат 36-33.

На пауза Скопје 2020 имаше предност од 18-17. Во второто полувреме беше неизвесно, но сепак на крај бодовите ги однесе тимот на Аеродром.

Најефикасен во редовите на Аеродром беше Наум Костов со 12 гола, додека кај екипата на Скопје 2020 најефикасен беше Марио Мишевски со 11 гола.

(фото – Рк Аеродром)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.

Добивајте ги најновите вести

Внесете го вашиот Емаил за да се претплатете се да ги добивате најновите вести