Тиквеш ја оправда улогата фаворит против Струга

Тимот на Тиквеш продолжува со победите во Супер лигата, откако на домашен терен ја совлада екипата на Струга со резултат 27-22.

Тиквеш добро го започна натпреварот и до полувремето успеа да обезбеди предност од 14-10. Во второто полувреме продолжи добрата игра на Тиквеш, па на крај да се радува на триумф против Струга.

Најефикасни во редовите на Тиквеш беа Страхиња Симиќ и Мирко Мајиќ со по шест гола, додека кај екипата на Струга најефикасен беше Петар Бугариновиќ со осум гола.

(фото – ГРК Тиквеш 2014)📷

Давид Маркоски
Давид Маркоски

Давид Марковски-Поранешен ракометар на Рк Макалоски Прилеп и Рк Прилеп.

Администратор на страницата МК-Ракомет.

Вљубен во спортот, а посебно во ракометот.